Лизаразу тврди: Гризман се мачи во Атлетико Мадрид

Поранешниот француски репрезентативец Биксенте Лизаразу тврди дека Антоан Гризман се мачи во Атлетико Мадрид, порад дефанзивниот стил на игра што најчесто го практикува Диего Симеоне и дека треба да го напушти клубот.

Гризман имаше понуда од Барселона, но ја одби, а сега повторно актуелно е неговата преселба на „Камп Ноу“.

„Антоан игра за Атлетико, тим кој воопшто не мисли на офанзива. Луѓето бо виделе многу повеќе од Гризман, ако на пример игра во сегашниот состав на Барселона. Тој го покажува раскошниот талент и во Атлетико, бидејќи е екстра класа напаѓач, но во Барселона и буквално би процветал“, вели Лизаразу.

Чоло Симеоне е одличен тактичар, но најчесто и пред се м исли на дефанзивата, па Атлетико не е познат како клуб кој негува напаѓачки стил на игра. И во таква ситуација Гризман дава голови, а веќе ги има 18 сезонава, гарнирани со 8 асистенции.

Интересно е што во документарецот „Антоан Гризман – Раѓањето на легендата“ самиот фудбалер открива дека има одбиено понуда од Барселона, но можеби летово двете страни ќе имаат можност за договор и соработка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести