5.8 C
Skopje
недела, 2 ноември 2025

ЛОИ ја доби најмладата освојувачка на злато во последните 88 години – има само 13 години!

Една од најмладите спортски дисциплини кои се дел од ЛОИ е натпреварот во скејт. Токму во овој спорт, младата јапонска тинејџерка Коко Јошизава испиша историја. Јошизава која има само 13 години, стана втората најмлада освојувачка на злато во историјата на Игрите.

Јапонската спортистка до златото стигна со само 13 години и 330 денови. Низ повеќе од едновековната историја на ЛОИ, единствено Марјори Гестринг била помлада освојувачка на злато. На Игрите во далечната 1936 година во Берлин, Гестринг стигна до златото на скокови во вода, а имаше само 13 години и 268 денови.

Во овој спорт владеат тинејџерите па и второто и третото место го освоија девојчиња кои имаат 15 односно 16 години.

- Оглас -

Најнови вести