Лојални до крај – Несторовски и Трајковски го поддржаа протестот на навивачите на Палермо (Фото)

Илија Несторовски и Александар Трајковски повторно ги освоија срцата на навивачите на Палермо и покажаа лојалност кон клубот кој се наоѓа во незавидна ситуација и е префрлен во Серија Ц.

Навивачите протестираа на улиците на Палермо против одлуката на Федералниот суд на Италија клубот да биде префрлен во понизок ранг, што им ја одзема можноста да играат бараж за пласман во Серија А.

Веднаш, уште за време на протестот, Несторовски и Трајковски објавија фотографии од маршот на симпатизерите на Палермо на своите инстаграм-профили, што наиде на одобрување на сите кои навиваат за клубот од Сицилија.

- Оглас -

Најнови вести