Лојалноста на прво место: Поранешниот трансфер-гуру на Ливерпул ги одби Сините

Мајкл Едвардс, поранешниот спортски директор на Ливерпул, одлучи да не ја прифати понудената работа во Челзи. Лојалноста му е на прво место, не сака по успешната авантура со Црвените, за што има голема заслуга околу составувањето на светски квалитетниот тим на Јирген Клоп, да премине во редовите на ривалот.

Едвардс лани се раздели со гигантот од „Енфилд“ по шестгодишна соработка и реши да одмори од фудбалот. Тоа е втората причина да не влезе во просториите на „Стемфорд бриџ“ и да биде новиот преговарач за трансфери.

За него се интересираше и Манчестер јунајтед, на двата премиерлигашки гиганти очајно им е потребен спортски директор, но тоа сигурно нема да биде Едвардс, миленикот на фановите на Ливерпул.

На е

- Оглас -

Најнови вести