Локадија се пријави во трката за утка на годината, потоа го докусури тимот и со промашен пенал (Видео)

Јирген Локадија се пријави во трката за утка на годината, а тоа што го промаши во финишот на мечот со Портланд во МЛС-лигата изгледа невозможно.

Офанзивецот на Синсинати доби одлична топка од сонародникот Сим де Јонг во 88-мата минута и наместо рутински од два метри да ја погоди мрежата на Портланд за победа од 2:1 и пласман во четвртфиналето на МЛС во битка за титулата, утна цел гол.

Jurgen Locadia misses a tap-in to win the game for Cincinnati from soccer

И потоа, што е уште полошо и за него и за тимот, Синсинати беше елиминиран по пенал- серијата. Мечот заврши нерешено 1:1, а Локадија утна и удар од белата точка во пенал-рулетот, што беше доволно за неговиот тим да испадне.

Јирген беше еден од најталентираните холандски играчи кога пред десеттина година ја почна професионалната кариера во ПСВ Ајднховен. Потоа се пресели во Брајтон, каде што потфрли, па англискиот премиерлигаш двапати го позајмува крилото, најпрво во германскиот Хофенхајм и сега во Синсинати.

Во МЛС се игра плејофот за титулата, а на ред е четвртфиналната фаза, во која се игра нокаут-меч. Портланд ќе му гостува на Њујорк сити, Филаделфија игра со Спортинг Канзас сити, Орландо му е домаќин на Лос Анџелес ФЦ и Сан Хозе ќе има предност да игра на свој терен против Минесота.

 

- Оглас -

Најнови вести