27.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Лопетеги има шампионски старт со Реал Мадрид

Во последните 10 години, Реал Мадрид освои само две титули во шпанската Примера дивисион. Тоа се случи во сезоните 2011/12 и 2016/17, кога на клупата седеа Жозе Мурињо и Зинедин Зидан. Во двата случаи Мадриѓаните стартуваа со по 13 бодови во првите пет средби. На крајот, Реал со Мурињо беше првак со 100 бодови, а со Зизу станаа шампиони со 93 освоени бодови.

И сезонава Реал, сo Хулен Лопетеги, започнува како во тие шампионски сезони. „Кралевите“ имаат 13 бодови во петте одиграни дуели досега и се на делба на првото место на табелата заедно со Барселона. Каталонците се први само благодарение на подобрата гол-разлика.

Откако во 1995 година беше воведено за победа да се даваат три бодови, Реал уште три пати имал 13 бодови од пет кола. Во 2007/08 стана првак со Бернд Шустер, со Карло Анчелоти во 2013/14 заврши на третото место, а во 2015/16 со Рафаел Бенитес дојде до второто место на крајот.

 

- Оглас -

Најнови вести