Љорис навреме се врати на тренинг, ќе брани против Барселона

Голманот на Тотенхем, Уго Љорис, навреме закрепна од повредата на бутниот мускул и ќе се најде во почетниот состав против Барселона. „Петлите“ утре го пречекуваат шпанскиот првак на „Вембли“, а присуството на Љорис меѓу диреците е одлична вест за тимот, особено што пред извесно време се повреди и замената за францускиот голман, Мајкл Ворм. Ова е еден проблем помалку за Покетино, додека го загрижуваат отсуствата на Али, Ериксен, Дембеле, Oрие и Вертонген, петмина првотимци кои денес не тренираа со првиот тим.

Љорис отсуствуваше од составот на Тотенхем на последните шест меча во сите натпреварувања, а информацијата дека ќе настапи утре ја потврди и Покетино.

„Љорис тренираше со првиот тим и утре ќе брани против Барселона. Повеќе ме загрижува тоа што пет првотимци не тренираа денес. Сите се мачат со различни повреди, но тоа не треба да биде оправдување, ниту, пак, ќе се однесуваме како жртви, напротив, во вакви моменти мора да покажеме дека сме ментално силни“, истакна Покетино.

- Оглас -

Најнови вести