Љорис: Нема вистински „спортсмен“ што сака Ливерпул да не биде првак

Нема човек што искрено го сака спортот и фудбалот да посакува сценарио во кое Ливерпул би останал без титулата во Англија во сезоната 2019/20, вели Уго Љорис, голманот на Тотенхем.

Иако беше поразен токму од актуелниот европски првак во финалето на Лигата на шампионите лани со Тотенхем, голманот е искрен и вели дека Ливерпул апсолутно заслужува да биде крунисан во нов првак во Премиер лигата.

„Па тие се практично шампиони и нема шанси да ја прокоцкаат предноста од 25 бода во однос на Манчестер сити. Би била вистинска неправда ако на како било начин Ливерпул не ја освои титулата, без разлика што ни се конкуренти“, вели голманот на Тотенхем.

Англичаните се надеваат дека Премиер лигата ќе продолжи и ќе се доигра, а планот, иако уште не е официјално потврден, е камбекот на терените да биде на 8 јуни, а завесата да се спушти на 27 јули.

Ливерпул со 82 бода е убедливо прв на девет кола до крајот, пред единствениот конкурент Манчестер сити, кој има 57 бодови, но и 10 меча за доигрување.

- Оглас -

Најнови вести