Го фаулираше топката – Нејмар може да му носи вода за глума на офанзивецот на ВБА (Видео)

Грејди Дијангана, офанзивецот на ВБА, имаше неуспешен обид да одглуми фаул, а ситуацијата од првото полувреме на големото дерби во Бирмингам испадна комична.

Репрезентативецот на Демократска Република Конго се обиде да ја смири топката со гради и откако не успеа, се обиде да одглуми фаул, иако до него немаше противнички играч.

Потоа забележа дека обидот му е неуспешен, па стана и продолжи да игра.

Астон вила со голот на Ел Гази од петтата минута води со 1:0 како гостин кај градскиот ривал ВБА и има играч повеќе по исклучувањето на Ливермор во 36-тата минута, но сите моментни од првиот дел ги засени смешниот трик на Дијангана.

Погледнете.

https://twitter.com/varunsyall/status/1340747841547816960?s=20

- Оглас -

Најнови вести