Лоша вест од Серија А, тројца играчи на Фиорентина позитивни на корона-вирусот

Шест членови на Фиорентина биле позитивни на тестовите за корона-вирусот, а од нив тројца се фудбалери, додека другите тројца се други вработени во техничката служба на Виолетовите.

Сите клубови во Серија А прават тестови пред да почнат со тренинзи за да бидат сигурни дека ниту еден заразен нема да почне со тренинзи. Шестемина позитивни се изолирани (сите се асимптоматични), а останатите од утре треба да почнат со подготовки на теренот.

Ова е огромен удар за Фиорентина, откако минатиот месец Патрик Кутроне, Херман Пецела и Душан Влаховиќ беа дијагностицирани дека имаат корона-вирус, а удар и за Серија А во денови кога клубовите и Федерацијата се борат да издејствуваат продолжување на сезоната. Засега нема конкретен датум кога би се играло фудбал во првата лига на Италија.

- Оглас -

Најнови вести