Лоша вест: Познато колку ќе паузира Алексис Санчес

Манчестер јунајтед еден месец ќе мора да игра без Алексис Санчес. Чилеанецот се повреди на мечот против Саутхемптон, кога во 52-рата минута имаше еден дуел со Јан Беднарек, па мораше предвреме да го напушти теренот.

По лекарските прегледи било констатирано дека Санчес има повреда на коленото, која ќе го одалечи од теренот во следните четири до шест недели. Манчестер во следниот период треба да одигра неколку важни мечеви, посебно за подобар пласман во Премиер лигата, каде што се бори за позиција која води во Лигата на шампионите за следната сезона.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести