Лоша вест за Далас, добра за Хјустон

Натпреварите од плејофот во НБА лигата се враќаат на програмата уште вечерва по тридневниот бојкот од страна на кошаркарите.

Хјустон рокетс ќе биде посилен за Расте Вестбрук во петтиот меч од серијата против Оклахома сити тандер. Ѕвездата на Ракетите закрепна по прежелувањето корона-вирус и во изминатио период напорно работеше да ја поврати формата.

Ноќеска Вестбрук ќе во конкуренција за настап и со негова помош Хјустон ќе атакува на победа која ќе ги донесе поблиску до втората рунда од разигрувањата.

Далас пак, не дочека убави вести како Хјустон. Центарот Кристапс Порзингис нема да учествува во шестиот меч против ЛА клиперс, откако му беше утврдена повреда на менискусот од десното колено.

Далас во серијата губи со 2-3, па и да дојде до израмнување летонскиот џин нема да игра во мајсторката.

- Оглас -

Најнови вести