Ловрен шокиран: Не е нормално колку многу јаде Брозовиќ!

Хрватскиот одбранбен фудбалер Дејан Ловрен во едно интервју изјави дека неговиот репрезентативен колега Марсело Брозовиќ пред финалето на Светското првенство во 2018 година изел околу два килограми чајна салама, два кроасани, пиел „кока-кола“ и потоа трчал 15 километри.

„Пред финалето на СП, тој изеде два килограми чајна, два кроасана, испи кока-кола и потоа може да истрча 15 километри без проблем. Не ми е јасно, јас да изедам толку, четири дена не би можел да си дојдам на себе“. вели Ловрен.

Иако Брозовиќ не внимава на исхраната, изгледа одлично, а во родниот град има и семеен ресторан и бар, што е уште еден доказ дека е гурман кој не држи диети, но има одличен метаболизам и кај него не се забележува никаков вишок на килограми.

- Оглас -

Најнови вести