Лозано не му дозволи на Елмас да шутне пенал, а по голот, Елиф прв му честиташе (Видео)

Наполи го победи Емполи со 2-0 и со продолжување на победничката серија се зацврсти на чело на табелата во италијанската Серија А.

Во минатата сезона Наполи ги загуби двата меча против Емполи, но сезонава Наполи е еден од најдобрите тимови во Европа и не киксира толку лесно. Елиф Елмас влезе во игра во 64-тата минута при резултат 0-0, заедно со Лозано и Зјелински, а токму Мексиканецот и Полјакот ги дадоа головите.

Лозано од пенал и тој е петтиот различен стрелец од пенал за Наполи сезонава во Серија А. Инаку, топката прв ја зеде Елмас, но Лозано му пријде и му рече: „Јас ќе шутирам“. Македонскиот интернационалец не се налути, напротив, прв му пријде на Лозано по постигнатиот гол. Можеби наредниот пенал за Наполи ќе го шутира Елмас бидејќи во тимот сакаат да ги ротираат пеналџиите.

Специја и Удинезе одиграа 1-1, резултат со кој гостите не треба да бидат задоволни, но како да се специјализираа за нерешени резултати во последно време. Илија Несторовски играше во финишот, влезе на терен во 85-тата минута и имаше една шанса, но не ја искористи.

Ова е голот од пенал на Лозано со кој се најави новиот триумф на Наполи:

- Оглас -

Најнови вести