Лозано нема дилеми: Посилни сме од Интер во секој поглед, Наполи ќе го освои Скудетото

Мексиканскиот репрезентативец Хирвинг Лозано е голем оптимист и верува дека Наполи ќе биде новиот шампион на Италија.

Во интервју за „Кориере Дела Сера“, крилниот играч на наполитанците вели дека има уште многу натпревари до крај и верува во квалитетот на тимот за кој игра и нашиот репрезентативец Елиф Елмас.

„Нема што да криеме, Наполи е кандидат за Скудетото и според квалитетот може да го освои. Подобри сме од Интер во секој поглед и тимски и ако сакате и индивидуално да се споредат играч по играч. Малку не успори пандемијата со Ковид-19, но на крајот ние ќе се радуваме на титулата во Серија А“, изјави популарниот Чаки, како што му е прекарот на репрезентативецот на Мексико.

По 22 одиграни натпревари Наполи  е на третото место со 46 бода,зад лидерот Интер со 50 бода од 21 натпревар и Милан, кој е втор со 48 бода. Во трка за Скудетото се уште и Аталанта со 42 бода и меч помалку и Јувентус со 41 бод.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести