Љуботен доминира во женскиот фудбал, трета титула по ред за тетовки

Екипата на Љуботен ја продолжи доминацијата во женското фудбалско првенство во Македонија, откако повторно ја одбрани титулата. Во последното 27 коло, Љуботен на свој терен убедливо со 8:1 славеше над Речица.

Со оваа победа над Речица, Љуботен стигна до 72 бодови, еден повеќе од нивниот најголем ривал Каменица Саса која остана на второто место.

За доминавијата на тетовскиот клуб говори и гол-разликата која покажува дека девојките во дресот на Љуботен постигнаа 121 голови, а примија само 19. Сезоната ја завршија само со еден пораз и тоа од Каменица Саса.

Ова е трета титула по ред за Љуботен, а втора сезона во низа освојува двојна круна. Пред 10-тина дена, во финалето на Купот, Љуботен со 1:0 го победи најголемиот ривал Каменица Саса.

- Оглас -

Најнови вести