Љубовникот кого го фатија на камера, има порака до сопругата

Дејви Андраде е навивач на Барселона од Еквадор кој на еден од најбизарните начини беше откриен дека ја изневерува својата сопруга. Андраде решил да ја одведе љубовницата на фудбалскиот меч Барселона – Делфин во Еквадор, кога телевизиската камера ги фати како се гушкаат и се љубат. Кога Андраде виде дека всушност е на големиот ТВ-екран и дека таа слика ја пренесува телевизијата, збунето се тргна од девојката, но веќе беше доцна.

Не само неговата жена, туку цел свет дозна дека тој ја изневерува сопругата.

„Ако мислите да ја изневерите својата жена, фудбалски меч каде што има илјадници навивачи на трибините и уште милиони кои гледаат на телевизија е последното место на кое треба да отидете“, стои во еден од многуте коментари на сеир на сметка на Дејви.

Навивачот на Барселона реши да ја каже својата верзија, а потоа имаше порака и до својата жена.

„Низ светот има најразлични видеозаписи за фатени љубовници, но никој не го исмевале како мене. Се надевам дека никој од вас нема да се најде во мојата ситуација. До крај ја ја бранам мојата чест и гордост. Сите грешиме и знаеме да се покаеме. Им благодарам на оние кои ме примија во црква за да се покајам. Имам и порака до мојата жена: Сакам да се вратам и да бидам покрај тебе. Навистина ми е жал поради тоа што излегов во јавност и сега ги коментирам овие глупости, но те молам да ми простиш. Многу сум збунет, но знам дека сакам да ми се вратиш“, рече љубовникот Андраде.

https://youtu.be/g8b-uvJ0rLk

 

- Оглас -

Најнови вести