Романија со пресврт загуби од Босна и Херцеговина и остана без шанси за директен пласман на Светското првенство, а нивниот селектор за поразот ги обвини судиите, но се пожали и на лошите услови на стадионот во Зеница.
„Зборуваме за овој натпревар или за што? Ме прашувате за целите квалификации … Да зборуваме за овој натпревар, бевме подобри од вас на теренот. Не ни досудија чист пенал.“ – им се обрати Луческу на босанските новинари.
Славниот тренер зборуваше и за условите на стадионот, но и за односот на навивачите кои ја исвиркаа химната.
„Не сакам да зборувам за навивачите, не знам што се случило. Недостигот на почит во Зеница беше огромен, немав каде да седнам во соблекувалната, бидејќи немаше доволно столчиња. Толку мала соблекувална за толку многу фудбалери. Ког БиХ играше во Романија ги имаа сите услови. Не ве третиравме вака, ниту химната не ја слушнавме како што треба. Ова досега го немав доживеано до кариерата.“ – рече лутиот Луческу.
Босна и Херцеговина во последното коло ќе игра директен дуел против Австрија за првото место во групата, додека Ромаците имаат обезбеден бараж преку Лигата на нации.

