Луд меч во Русија, Елмас дели финти на „Камп Ноу“ (Видео)

Наполи води со 1:0 на полувреме против Барселона и тоа на „Камп Ноу“, додека шоуто во Лигата на Европа е во Русија, каде Зенит и Бетис по првите 45 минути играат со резултат 2:3 за гостите од Шпанија.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е еден од најдобрите на теренот на „Камп Ноу“ и беше најзаслужен за погодкот на Пјотр Зиелински. Елмас одлично продре по страна, со финта се ослободи од Жорди Алба и асистираше за Зиелински, кој од втор обид успеа да го совлада Марк Андре тер Штеген. Голот на Наполи може да го видите ТУКА.

Во Санкт Петербург, Бетис води со 3:2 против Зенит по само 45 минути игра. Родригес и Вилијан Хосе погодија за 2:0 за гостите и тоа по неполни 20 минути игра. Зенит се врати во игра со погодоците на Џуба и Малком, па по 28 минути беше 2:2.

До крајот на првиот дел, гостите од Шпанија погодија и трет пат. Гуардадо во 41 минута донесе нова предност на Бетис, овојпат од 3:2.

Изненадување има и во Дортмунд каде Борусија со 0:2 губи од Ренџерс. Предноста на домашен терен засега ја користи само Шериф Тираспол кој води со 1:0 во дуелот со Брага. Во стартниот тим на Шериф е и македонскиот репрезентативец Бобан Николов.

- Оглас -

Најнови вести