Луд пресврт на тимот на Барди, Адеми даде убав гол, Џани „гази“ со Фенербахче (Видео)

Енис Барди беше еден од оние кои мораше да ја спасува ситуацијата во Трабзон, кој на крајот во драматичен финиш стигна до победа од 3:2 против Газијантеп. Гостите дадоа два гола во првите 10 минути и водеа со 2:0, а Трабзон намали на 1:2, за да во 32 минута во игра беше внесен Енис Барди.

По влегувањето на Барди, играта на домаќините беше многу посигурна. Трабзон израмни на 2:2 пред крајот на првиот дел, а потоа резултатот не се менуваше се до последните моменти од мечот.

Судијата покажа 9 минути дополнително време, а Трабзон даде гол за 3:2 во 90+8  и голема радост на домаќините.

Во Турција се радуваше и Езџан Алиоски кој го одигра целиот меч за Фенербахче во убедливата победа од 5:0 против Аланија.

Аријан Адеми како вистински капитен на Динамо Загреб ги предводеше Модрите до триумф против Локомотива со 2:1. Адеми погоди во шестата минута за водство од 1:0, а фаворитот на крајот славеше за нови три бода и вкупно 28 бодови на Динамо од можните 30 по почетните 10 кола во Хрватска.

Во дресот на Динамо го немаше Стефан Ристовски кој е повреден и нема да игра ниту за Македонија во клучните дуели против Грузија и Бугарија.

- Оглас -

Најнови вести