Луд старт на Силверстоун: Хамилтон и Верстапен се судрија, Холанѓанецот во аут

Неверојатно возбудлив беше стартот на трката за Големата награда на Велика Британија, а во главна улога беа двајцата најдобри возачи, Макс Верстапен и Луис Хамилтон.

Верстапен стартуваше од пол позицијата, а Хамилтон втор, но само што тргна трката, започна драмата. Хамилтон бодрен од навивачите тргна во напад и во првите неколку кривини се обиде да го помине, но не успеа. Британецот тргна во уште еден напад, а кога двата болида речиси парарелно влегоа во свиокот, Верстапен со задното тркало удри во болидот на Хамилтон и излета од патеката.

Хамилтон за кратко излезе на првото место, но Леклер од позадина успеа да го искористи целито хаос и се најде на првото место пред Хамилтон и Ботас. Трката веднаш беше стопирана.

- Оглас -

Најнови вести