Луд танц на Марадона по првата победа со новиот клуб (Видео)

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Диего Армандо Марадона, повторно направи шоу, овојпат како тренер на екипата на Гимназија Ла Плата. Минатиот месец Марадона беше назначен за тренер на екипата која беше последнопласирана во аргентинското првенство, само со еден освоен бод.

Гимназија Ла Плата конечно се израдува на првиот триумф, и тоа на гости кај Годој Крус, победувајќи со 4:2. По завршувањето на дуелот, во соблекувалната на Гимназија Ла Плата главен беше токму Марадона. Легендата започна да танцува додека играчите во ритам го поздравуваа својот тренер.

Ваквиот начин на прослава за Марадона не е непознат. Тој често знаеше да танцува и по победите во клубовите каде што претходно има работено како тренер.

 

- Оглас -

Најнови вести