Луда завршница на Милан, даде два гола во судиското продолжение и веќе 16 натпревари не знае за пораз на гости

Актуелниот шампион во Серија А, Милан во луда завршница славеше со 1-3 против Емполи и ја продолжи серијата од дури 16 натпревари без пораз на гостувањата. „Росонерите“ до победата дојдоа во последните минути од натпреварот, а во судиското продолжение беа постигнати вкупно три гола.

Исто така Милан е единствен тим од големите италијански екипи што никогаш не загубил на гости кај Емполи.

По мирното прво полувреме, во последните 15-тина минути паднаа дури четири гола. Резултатот го отвори Анте Ребиќ во 79 минута, а во втората минута од судиското продолжение, Бајрами беше на праг да приреди сензација.

Емполи во 92 минута израмни на 1:1, но радоста на домаќините траеше само две минути. Бало-Туре му донесе предност на Милан од 1-2, а конечниот резултат го постави Рафаел Леао во 97 минута и ги искачи „росоњерите“ на третото место на табелата во Серија А со 17 бода.

- Оглас -

Најнови вести