Луда нумерологија: во Челзи имаат брилијантна теорија зошто Мароко ќе биде светски првак!

На репрезентацијата на Мароко никој не ѝ даваше големи шанси дека може да стане светски шампион, но како се ближи финишот на Мундијалот, Мароко уште е во Катар и е еден од трите преостанати кандидати за титула.

И понатаму Мароканците важат за аутсајдери во споредба со Аргентина и Франција, но не треба да се отпише можноста тие да станат првиот тим од Африка кој заиграл финале и ја освоила светската титула, што би било најголема сензација во историјата на светските шампионати.

Во фудбалскиот клуб Челзи од Лондон се досетија на една интересна серија поврзана со нив, а според таа луда теорија, годинава светски првак треба да стане Мароко.

На претходните три светски првенства, титулата ја освојуваа фудбалери на Челзи чии цифри на дресот се последните две од годината во која се одржаа светските првенства.

Така, Хуан Мата носејќи дрес број 10 во Челзи, во 2010 година со Шпанија стана светски првак, во 2014 година титулата ја освои Германецот Андре Шурле, кој во тоа време имаше 14-ка во Челзи, а во 2018 година светски првак стана Французинот Оливие Жиру, кој во Лондон имаше син дрес со број 18 на грбот.

Сега е 2022 година, а 22-ката во Челзи ја носи Хаким Зијех од Мароко. Ако успее и тој, веројатно „ќе биде тепање“ за дресот на Челзи со бројот 26 во 2026 година, кога ќе се игра следното Светско првенство.

- Оглас -

Најнови вести