Луда прес конференција на косовскиот селектор, ги уплаши Англичаните (Видео)

Репрезентацијата на Косово е најпријатното изненадување во досегашниот дел од квалификациите за пласман на ЕП 2020. По четири меча, Косово има две победи и две реми и е веднаш зад Англија во групата. Токму Гордиот Албион е следен ривал за Косово. Дуелот се игра во Саутемптон, а селекторот на гостите Бернард Шаланд, имаше вистинско шоу на прес конференцијата.

Шаланд постојано викаше и мафташе со рацете, велејќи дека во оваа луда игра, ќе се обиде да најде тактика и за мечот против Англија.

„Во луда игра пресингот е ОДИ ОДИ ОДИ. Тоа не е вистинска тактика, но тоа е ментална сила. Сакам да ја освојам топката. Пресингот не е само одбрана, туку и подготовка за гол. Тоа е луда тактика за мене“, велеше со викање и мафтање со рацете во дел од прес конференцијата селекторот на Косово.

Косово не само што нема пораз во квалификациите, туку тоа е репрезентацијата која не претрпела пораз во последните две години, па дуелот на гости кај Англија е вистински предизвик.

 

- Оглас -

Најнови вести