Денвер нагетс играше против Далас на свој терен и победи со убедливи 106:75. Веднаш по тој меч, кошаркарите на Денвер мораа да се качат во авион и да отпатуваат на гостување во Минесота. Според распоредот, неполни 19 часа откако го завршија дуелот против Далас, мораше да играат на гостински терен.
Никола Јокиќ и другарите одмораа во авионот, а потоа се најдоа во салата на Волците, каде ги чекаше тежок меч. Минесота водеше со 14 разлика во втората четвртина (43:29), но тогаш се разигра Никола Јокиќ. МВП од регуларниот дел во минатата сезона го имаше на секој дел од теренот и полека почна да се топи разликата.
Денвер на полувреме стигна до само четири негатива (47:43), но Минесота не се даваше и речиси во целата трета четвртина беше во позитива, па ги задржа тие четири поени плус. Домаќините водеа и со 83:76 во решавачката четвртина, но Денвер заигра најдобро кога беше најпотребно.
Иако речиси цел беше беше во негатива, гостите во финишот и од негатива 89:87 стигнаа до водство од 93:89. Минесота во последните секунди имаше напад за израмнување, но домаќините не погодија. Никола Јокиќ со 26 поени, 19 скока и седум асистенции беше предводник на Денвер до четвртата победа во шестиот меч сезонава.
Резултати: Вашингтон – Бостон 115:112 (по продолжение), Детроит – Орландо 110:103, Њу Орлеанс – Њујорк 117:123, Индијана – Торонто 94:97, Филаделфија – Аталанта 122:94, Чикаго – Јута 107:99, Мемфис – Мајами 103:129, Милвоки – Сан Антонио 93:102, Минесота – Денвер 91:93, Голден Стејт – Оклахома 103:82, Феникс – Кливленд 101:92.