Луди цени за летни трансфери – Лил и Лестер бараат по 90 милиони евра за Пепе и Мегваер

Интере е подготвен да плати неверијатни 75 милиони евра за вториот најдобар стрелец во Франција Николас Пепе, но Лил бара повеќе, односно 90 милиони евра отштета за својот напаѓач.

Пепе е на Африканскиот куп на нации и ќе игра за Брегот на Слонова Коска, а по враќањето од Египет можно е да ја смени дестинацијата и да слета во Милано, како нов играч на Интер.

 

Иста сума за одличниот англиски репрезентативец Хари Мегваер бара и Лестер, а битката за стоперот се бие во Манчестер.

Јунајтед му конкурира на Сити, но и двата клуба од Манчестер не се подготвени да платат толку висока отштета за 26-годишниот играч. Засега „црвените ѓаволи“ се изјаснија со конкретна понуда за ангажман на Мегваер, а цената што се подготвени да ја платат е околу 50 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести