Лудило: Калјари сака да го отпушти Мацари, но не смее, тој уште треба да добие и нов договор

Калјари е решен да го разреши својот тренер Валтер Мацари, но во договорот со него има една клаузула која не дозволува Мацари да добие отказ. Не само тоа, туку тренерот има право и да го продолжи договорот со клубот од Сардинија.

Според клаузулата, Мацари не смее да биде избркан од Калјари ако клубот не е на последните три места на табелата, а во моментов не е.

Калјари е 17-ти со три бода повеќе од Салернитана која има и два меча помалку. Салернитана е во налет, има три победи по ред, па во следното коло во меѓусебен дуел, може да го симне Калјари на позиција која води во Серија Б.

Во Калјари се консултираат со адвокати што да прават и како да го избркаат Мацари, и да избегнат продолжување на договорот за уште две години, како што стои во договорот во случај тимот да не е во зоната за испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести