Лудило на мечот во Гостивар: Скинат црвен картон и две исклучувања за Тетекс уште во втора минута (Видео)

Вчерашната победа на Гостивар против Тетекс од 5-0 во второлигашки дуел беше зачинета со сцени какви што ретко се гледаат на фудбалските терени.

После една и пол минута, гостинскиот голман Александар Анѓелковски ја фати топката со раце надвор од 16-никот, па главниот судија Дејан Младеновски му покажа црвен картон.

Тоа не му се допадна на искусниот Христијан Кировски кој му го грабна црвениот картон на судијата, го искина и парчињата ги расфрли по терен. Главниот судија замина кај четвртиот судија, инаку негов брат, зеде нов црвен картон, па го исклучи и Кировски.

Погледнете ги лудите сцени од првите минути на средбата во Гостивар:

 

- Оглас -

Најнови вести