Лудница е во Динамо – Некои чекаат повеќе од 12 часа за да одат на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)

Динамо Загреб со победа над Челзи ја стартуваше оваа сезона во Лигата на шампионите а веќе следната недела ќе игра против Милан и тоа на „Сан Сиро“.

Хрватските навивачи добија 4300 влезници, а тие во продажба се пуштени од утринава а единствен начин да се купат е да се оди до билетарата, а таму редица долга стотици метри.

Има и навивачи кои што повеќе од 12 часа чекаат за да дојдат до карта и за да се обезбедат за патот долг повеќе од 650 километри.

Тие што имаат сезонски карти си ги откупија веднаш влезниците, па така во слободна продажба останаа уште 2754 иако веруваме дека и тие се веќе скоро сите продадени.

Погледнете го видеото на овој линк.

- Оглас -

Најнови вести