Лудница во американските обложувалници, сите вложуваат пари на истата работа (Видео)

Американците веруваат дека повторното спојување на шампионскиот тандем Том Брејди и Роб Гронковски, овојпат како играчи на Тампа Беј баканирс, ќе значи титула во НФЛ-лигата. Брејди по 20 години играње за Њу Ингланд патриотс, летово реши да ја промени средината и да прејмине во Тампа беј, а по неговите стапки оди и Гронковски, кој нема играно од 2018 година во која заедно со Брејди освоија титула.

Тандемот на 42-годишниот квотербек Брејди и 30-годишниот тајд-ендот Гронковски, кој ги примаше додавањата од Брејди, им носеше титули на Патриотите, а сега решија да играат заедно и во Баканирс. Љубителите на американскиот фудбал во САД веруваат дека овој тандем е доволен за екипата од Флорида да ја освои титулата во НФЛ.

Фали уште тренерот Бил Беличик да направи трансфер од Њу Ингланд во Тампа беј, па „преселбата на народите“ да биде комплетна. Тоа нема да се случи, Брејди и Гронк ќе сакаат да му докажат на својот поранешен шеф дека тие му носеа титули на Њу Ингланд, а не тренерот.

На социјалните мрежи има едно хумористично видео на кое се гледа реакцијата на Американците кои трчаат да влезат во обложувалница и да стават пари дека Баканирс ќе освои титула.

- Оглас -

Најнови вести