Лудница во Милано, Ибрахимовиќ им аплаудираше на навивачите (Видео)

Навивачите на Милан им приредија лудо испраќање на фудбалерите на дербито во Торино, а атмосферата го воодушеви и Златан Ибрахимовиќ, кој им аплаудираше на симпатизерите.

Околу 1.500 навивачи на „црвено-црните“ дојдоа во Миланело за да ги испратат своите миленици кон Торино, на дербито со Јувентус од 20.45 часот вечерва.

Zlatan greets AC Milan fans from soccer

Милан вечерва од 20.45 часот ќе го игра веројатно и клучниот меч за пласман во Лигата на шампионите против Јувентус на гости.

Двете екипи имаат по 69 бода, исто како и Аталанта, а пред нив на второто место е Наполи со 70 бода, но и со меч повеќе. Интер е нов шампион на Италија и ќе игра во ЛШ, а за останатите три позиции кандидати се Наполи, Аталанта, Јувентус и Милан.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести