Лудница во првиот сет од финалето: Руд освојуваше неверојатни поени, но Ѓоковиќ води со 1:0 (Видео)

Еден час и 21 минута траеше првиот сет во финалето на Ролан Гарос, а Новак Ѓоковиќ води со 1:0 во дуелот против каспер Руд. Неверојатна борба на двајцата тенисери, а на крајот сетот се решаваше во тај-брејкот, каде неприкосновен е Ѓоковиќ и го доби со 7:1. За Србинот ова беше шести тај-брејк сезонава на Ролан Гарос и сите шест ги доби.

Руд многу подобро го почна мечот и направи брејк за водство од 3:0, но Ѓоковиќ не се збуни. Норвежанецот водеше со 4:1, но потоа Србинот заигра многу подобро, успеа да направи и брејк и стигна до 4:4.

https://twitter.com/i/status/1667898245580718080

Потоа двајцата тенисери беа сигурни на своите сервиси, па мораше да се игра тај-брејк. Во тој момент Ѓоковиќ го покажа целиот свој квалитет и го доби со убеливи 7:1.

https://twitter.com/i/status/1667901671270240256

 

Во текот на првиот сет имаше многу феноменални поени. Алварес ги доби најатрактивните поени, но на крајот сетот припадна на Ѓоковиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести