Лудница во Шпанија: Вилјареал води со 2:0 против Ливерпул (Видео)

Вилјареал игра меч како од соништата против Ливерпул и води со 2:0 во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите. Ако се знае дека Ливерпул на првиот меч на „Енфилд роуд“ славеше со 2:0, тоа значи дека сега вкупниот резултат е израмнет и ќе има неверојатна драма во вторите 45 минути на стадионот „Ел Мадригал“.

Дија по асистенција на Капу, го доведе Вилјареал во водство од 1:0 само по 170 секунди игра и најави дека ова може да биде пеколна ноќ за фаворизираниот Ливерпул.

Вилјареал продолжи да напаѓа и тоа им се исплатеше со уште еден погодок. Во 41-вата минута повторно асистираше Капу, а Кокелан со глава погоди за 2:0 и нова ерупција на трибините.

- Оглас -

Најнови вести