Лудо дерби на Истокот – Тампа со пресврт славеше над Бостон

Тампа беј лајтнинг го доби дербито против Бостон бруинс со 5-4. Лидерот на Источната конференција за славењето се избори преку преку пресврт, односно со три неодговорени погодоци во последниот период.

Иако домаќините поведоа со 2-1 по првите 20 минути преку головите на Стамкос, Бостон на трипати го тресеше голот на Тампа беј во втората третина и го сврте резултатот во своја корист на 4-2.

Сепак, еден период беше доволен за „грмотевиците“, во кој Тампа возврати со три погодоци, а погодокот на Сирели на педесетина секунди до крајот на средбата воедно беше одлучувачки гол.

Нешвил предаторс со минималната победа од 1-0 на гостувањето кај Минесота вајлд го потврди своето учество во плејофот. Нешвил е вториот тим од Централната дивизија кој се пласира во разигрувањата по Винипег џетс.

Погодокот на Јохансен во петтата минута од првата делница беше доволен за предаторите да го прослават пласманот во плејофот и да добијат шанса да се борат за трофејот „Стенли“.

Останати резултати НХЛ: Њу Џерси девилс – Бафало сејберс 3-1, Њујорк ренџерс – Питсбург пингвинс 2-5, Торонто мејпл лифс – Флорида пантерс 7-5, Сент Луис блус – Вегас голден најтс 3-1, Винипег џетс – Далас старс 2-5, Калгари флејмс – ЛА кингс 0-3, Сан Хозе шаркс – Детроит ред вингс 2-3.

- Оглас -

Најнови вести