Лудо дерби одиграа Вилјареал и Атлетико а уште полуд гол од половина терен даде Кореа (ВИДЕО)

Ноќта на фантастични голови во Топ пет лигите продолжи и на средбата меѓу Вилјареал и Атлетико Мадрид, во меч кој заврши 2:2.

Стрелец на ремек делото од половина терен е Анхел Кореа во 10-та минута. Напаѓачот на актуелниот првак, ја украде топката на средината на теренот, а потоа и на фантастичен начин ја затресе мрежата на голманот на домаќините.

Пау Торес израмни на 1:1 пред крајот на првиот дел, а претходно Вилјареал промаши пенал преки Џерард Морено а на Дани Парехо му беше поништен гол со одлука на ВАР.

Во вториот дел, Алберто Морено погоди во 58-та минута, додека Џефри Кондогбија ги постави конечните 2:2.

Со ова, Атлетико дојде до 33-от бод и остана на четвртотто место, додека Вилјареал е под број осум со 29 бода.

- Оглас -

Најнови вести