Денвер израмни на 1:1 во победи во дуелот против Портланд, откако Нагетс на свој терен без многу проблем славеше со 128:109. Првата ѕвезда на Денвер, Никола Јокиќ имаше своја вечер, а кога Србинот е раположен за игра, тешко кој може да ги победи.
Јокиќ заврши со 38 поени, а имаше и 8 скока и 5 асистенции, но тоа што е најважно е дека речиси и не промаши во шутевите од поле, погодувајќи 15 пати од 20 обиди, што е 75 отсто прецизност. Тој ги погоди и сите шест шута од линијата за слободни фрлања. Противниците не бираа средства како да го сопрат Јокиќ, но тој остана смирен и не дозволи ништо да го исфрли од колосек.
Melo got a flagrant for this foul on Jokic. pic.twitter.com/AeolMhrmU3
— Bleacher Report (@BleacherReport) May 25, 2021
Уште на стартот од мечот Денвер поведе со двоцифрена разлика (19:7) и до крајот на средбата во ниту еден момент не му дозволи на противникот ни да се понадева да ја анулира негативата, па финишот беше неинтересен.
Во вториот меч одигран ноќеска, Милвоки бакс не дозволи драма како на првата средба против Мајами. Бакси на свој терен го растурија противникот и на крајот славеа со убедливи 132:98. И тука предводник во победничкиот тим беше играч од Балканот. Гркот Јанис Адетокумбо заврши со 31 поени, 13 скока и шест асистенции.
И Јанис, слично како Јокиќ беше цел на противничките кошаркари кои немаа начин како да го сопрат најдобриот играч на Милвоки, па Ариза во еден напад буквално го тресна од земја Јанис, а Гркот и покрај тоа успеа да постигне кош.