Лудогорец се наоѓа пред сензација, води во Рим

Бугарскиот шампион Лудогорец има водство од 0:1 по првото полувреме на гостувањето кај Рома во последното коло во Лигата на Европа.

Лудогорец поведе со одличниот шут од работ на шеснаесетникот на Рик во 42-рата минута.

Фенербахче се наоѓа пред победа во Краков бидејќи води со 0:2 против Динамо Киев по 45 минути игра. Головите за турскиот тим ги постигнаа Гулер и Арао, а македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски се наоѓа на клупата за резервни играчи.

Водство по првиот дел во натпреварите во Лигата на Европа имаат и фаворитите, Арсенал, Брага, Рен со 1:0.

- Оглас -

Најнови вести