Лудост: Судијката ги прекина пеналите и реши победникот да се одлучи со фрлање паричка (Видео)

Дуелот меѓу Индија и Бангладеш на женскиот САФ шампионат за фудбалерки до 19 години имаше неверојатен крај. Овие две селекции играа во финалето, а по регуларните 90 минути, резултатот беше 1:1.

Потоа се премина на изведување пенали, а таму драмата продолжи. Сите што шутираа успеаја да погодат и резултатот беше 11:11. Тогаш на сцена стапи главната судијка. Таа ги повика капитенките на двете селекции и заедно со организаторот на турнирот реши победникот во финалето и освојувачот на трофејот да биде познат со фрлање паричка.

Двете екипи се согласија, а повеќе среќа имаше Индија бидејќи паричката падна на нивна страна. Почна радоста на едната селекција, а другата почна со жестоки протести. По долго убедување, беше решено дека финалето завршило нерешено и капитенките на двете репрезентации се фотографираа со трофејот наменет за победникот.

- Оглас -

Најнови вести