Луѓето одат на работа, а ние не смееме да играме тенис

Вториот светски рекет Рафаел Надал се побуни што тенисерите не смеат да играат, а луѓето одат на работа и си ги извршуваат секојдневните обврски и покрај пандемијата со корона-вирусот. Шпанецот ѝ се обрати на јавноста преку „Инстаграм“:

„Не разбирам зошто ние не смееме да играме тенис, а луѓето одат на работа. Знам дека на светот му се случува нешто страшно, ги разбирам правилата и ги почитувам, но исто така знам дека раздалеченоста меѓу луѓето кои присуствуваат на нашите натпревари е доволно сигурна“, истакна Надал.

И тенисот е во застој како и сите останати спортови и уште не е познато кога ќе се врати на програмата.

- Оглас -

Најнови вести