23.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Луис Енрике доби награда за најдобар тренер, но вечерва го загуби дербито против Марсеј

Олимпик Марсеј успеа да го победи актуелниот француски првак Пари Сен Жермен со 1-0 во големото дерби на „Велодром“. Стрелец на победничкиот гол за Марсеј беше Најеф Агерд уште во петтата минута од дуелот.

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, вечерва ја доби наградата за најдобар светски тренер за успесите со тимот во ЛШ минатата година, но во исто време го загуби дербито од Олимпик Марсеј.

Во тимот на Светците недостасуваа неколку важни фудбалери поради повреди, Осман Дембеле, Дезире Дуе, Жоао Невеш…

- Оглас -

Најнови вести