Луис Енрике по 235 дена, во репрезентацијата на Шпанија повторно повика играч од Реал Мадрид

Шпанскиот селектор Луис Енрике го објави списокот на кандидати за настап на дуелите со Грција во Атина и Шведска во Севилја, кои се клучни за Црвената фурија за пласман на Светското првенство во Катар. На листата е ставен и десниот бек Даниел Карвахал, кој е прв член на Реал по 235 дена што ќе добие прилика да заигра за шпанската селекција.

Последен играч од најтрофејниот клуб којшто играл за Шпанија беше Серхио Рамос во март годинава. На ЕВРО 2020, Енрике не повика ниту еден играч на Кралскиот клуб, а денеска изјави ако бил здрав, Карвахал не би пропуштил ниту еден повик во националниот тим. Енрике верува во Карвахал, кој ќе се бори за стартно место како десен бек со Аспиликуета, но не верува и во другите шпански фудбалери во Реал, како Начо, кој е еден од столбовите на одбраната, или крилото Асенсио, за кого мисли дека не е во форма.

Во шпанскиот тим поради повреди ги нема Ојарзабал и Феран Торес, кои беа стартери во завршницата на Лигата на нациите. Мундијалот во 1974 година е последен на кој Шпанија не учествуваше. Црвената фурија сега се бори за директен пласман, им требаат две победи, а ако не успеат, ќе треба да играат бараж во март.

- Оглас -

Најнови вести