Луис Енрике „се чуди“: Тој Леао е некој пејач?

Се одржа прес-конференција на тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, во пресрет на утрешниот дерби-меч на Светците со Монако, а новинарите ги интересираше ставот на Шпанецот околу имињата за кои се шпекулира дека би можеле да дојдат летово во клубот од Париз.

Енрике кажа шега кога го прашаа што мисли за Леао.

„Леао е некој пејач? Се шегувам, знам кој е Леао, но не сакам да зборувам за фудбалери кои се во други тимови, туку само за моите“, рече Енрике, кој е убеден дека ПСЖ ќе има посилен тим во следната сезона, иако ќе остане без лидерот Килијан Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести