Луис Хамилтон најави повлекување!?

Луис Хамилтон вчера и по 93-ти пат во кариерата се искачи на највисокото место на пиедесталот, откако триумфираше на трката во Имола. Со оваа победа Британецот сега има два триумфи повеќе од легендарниот Михаел Шумахер, кој со години беше неприкосновен на врвот на возачи со најмногу победи.

Актуелниот Ф1 првак и сезонава е на пат да стигне до нова титула бидејќи неговиот Мерцедес едноставно е доминантен во однос на останатите болиди. Иако е доминантен и едноставно гази, Хамилтон со една изјава ги збуни фановите, а многумина ја протолкуваа како можно негово повлекување од Формула 1 шампионатот.

„Би сакал и следната година да бидам тука, но за тоа не постои гаранција. Има и многу работи кои ме воодушевуваат во животот, а не се поврзани со Ф1. Ќе видиме што ќе биде, времето ќе покаже“, изјави Хамилтон.

Од тимот на Мерцедес велат дека очекуваат Британецот да остане дел од тимот и во следната сезона и дека последната изјава е дадена во момент на афект и со многу емоции.

Хамилтон сезонава има девет победи во шампионатот и е убедлив лидер во поредокот со 282 поени. Зад Хамилтон е неговиот клупски другар Валтери Ботас со 197 поени, додека на третото место е Макс Ферстапен со 162 бода. Доколку нема изненадување, Хамилтон ќе стигне до седмата титула во Ф1, што ќе значи израмнување со Шумахер.

- Оглас -

Најнови вести