Лука Дончиќ со асистенција на годината, можеби и деценијата, ова го прави само тој (Видео)

Познато е дека Лука Дончиќ се забавува додека игра кошарка, тоа го прави во секоја прилика, а синоќа на пријателскиот меч помеѓу Словенија и Италија, дури и тој „претера“ со своите атрактивни потези.

Ѕвездата на Далас маверикс имаше пет асистенции на мечот, од кои едната беше неверојатна. Кога при еден продор виде дека нема простор за шут, додаде наназад без да гледа, а Чебашек погоди тројка и ја украси оваа невидена асистенција која многумина остави со подзинати усти.

- Оглас -

Најнови вести