Лука не можеше да утне, постигна историски 73 поени! (Видео)

Словенецот Лука Дончиќ влезе во книгата на историски рекорди во НБА лигата, откако рано утрово на мечот помеѓу Далас маверикс и Атланта хокс (победа на гостите од Далас со олстар резултат 148-143), уфрли дури 73 поени, и тоа со 75 отсто реализација на шут од поле (вкупно 25/33, за тројка 8/13). Досега на ниту еден друг играч му немаше успеано тоа.

Лука постави клупски рекорд на Маверикс, а стана само четвртиот кошаркар во историјата на НБА со 73 или повеќе поени. Во ова друштво се само Дончиќ, Вилт Чемберлен, Коби Брајант и Дејвид Томпсон.

Дончиќ имаше и 10 скока и седум асистенции, а да биде уште поинтересно, оваа историја партија на Словенецот е против тимот кој го драфтуваше во 2018 година, па го трампаше во Далас за Тре Јанг и Кем Редиш.

Феноменално издание имаше и Девин Букер кој даде 62 поени, но неговиот Феникс загуби од Индијана со 131-133, па за Санс заврши серијата од седум победи по ред.

Погледнете како беше пречекан Дончиќ во соблекувалната на Маверикс:

- Оглас -

Најнови вести