Лука Пелегрини пристигна во Торино – Јувентус ги чека и Де Лихт и Рабио

Лука Пелегрини е на медицински прегледи во Торино и се очекува да потпише договор со Јувентус, а шампионот на Италија од утре ги очекува и двете големи засилувања Адриен Рабио и Матијс Де Лихт.

Пелегрини е еден од најталентираните играчи во Италија, има 20 години и доаѓа во размената на бекови меѓу Јувентус и Рома.

Во Рим ќе се пресели Спинацола, а Рома според договорот ќе треба да му плати на Јувентус 10 милиони евра.

Пелегрини во вториот дел од сезоната во Серија А беше позајмен во Калјари од Рома, а настапи за Италија и на младинското ЕП, кое завршува денеска со финалето во Удине меѓу Шпанија и Германија

- Оглас -

Најнови вести