Лукаку: 23-ца од 25-мина играчи на Интер кашлаа и имаа температура!

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку призна дека дури 23-ца од 25-темина играчи на Интер имале симптоми на корона-вирусот во јануари, но ниту еден од нив не бил тестран за заразата. Нераѕурите не објавија ниту еден позитивен тест на играч или човек од клубот, иако се во Ломбардија, областа која е европски епицентар на ковид-19.

„Имавме пауза од една недела во декември, 23-ца од 25-темина играчи беа болни, не се шегувам. Игравме против Калјари и по 25 минути еден наш дефанзивец го напушто теренот, не можеше да продолжи”, кажа Лукаку.

Милан Шкринијар излезе по 17 минути игра на 26 јануари, но и кај него не е утврдено присуство на вирусот.

„Сите кашлаа и имаа температура. Кога се загревав, и јас се почувствував доста потопло од обично. Со години не ме тресела треска. По мечот имавме вечера со гости од спонзорот, но јас им се заблагодарив на поканата и отидов да си легнам. Не сме правеле тестови за корона-вирус, не знаеме дали сме го имале“, тврди Лукаку.

Првиот официјално потврден случај на човек заразен од корона-вирус во Италија беше на 21 февруари. Според најавите од Италија, сите играчи ќе треба да минат прегледи пред повторно да добијат дозвола да тренираат и да заиграат во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести