Лукаку: Кога имав 15 години, на „бенч“ кревав 100 килограми

Интер е на добар пат да ја прекине деветгодишната доминација на Јувентус во Серија А и Нераѕурите се на пат да стигнат до Скудетото во домашното првенство. По 30 одиграни меча, Интер има 74 бодови, дури 11 повеќе од градскиот ривал Милан, а актуелниот првак Јувентус „доцни“ 12 бодови.

Ромелу Лукаку е првата ѕвезда во Интер и со 21 погодок е главна опција во нападот на Нераѕурите. Белгискиот репрезентативец вчера одговараше на прашања на своите фанови преку „Инстаграм“. Запрашан за тоа како ја одржува формата и како ги направил мускулите, Лукаку имаше интересен одговор.

„Ќе ви откријам нешто. Кога имав 15 години, без проблем можев да кренам 100 килограми на „бенч“, но денеска тоа не смеам да го правам. Не дека не можам, туку дека не ми дозволува кондицискиот тренер. Еднаш кога се обидов да вежбам со 100 килограми, тренерот ми се налути“, вели Лукаку.

Голгетерот е во Интер од 2019 година, а претходно играше за Манчестер јунајтед, Евертон, Челзи, Вест Бромич албион и Андерлехт.

 

- Оглас -

Најнови вести