27.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Лукаку објасни зошто Мурињо не успеал во Манчестер јунајтед

Престојот на Жозе Мурињо во Манчестер јунајтед беше неуспешен затоа што Португалецот не ги добил посакуваните фудбалери кои барал да бидат донесени, смета белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку. Голгетерот на Интер мисли дека Роберто Мартинес, Роналд Куман и Антонио Конте се најдобрите тренери со коишто работел, но за Мурињо рече дека ако му биле донесени играчите кои тој ги сакал, Јунајтед ќе имал многу подобри резултати во негово време.

„Должен сум да го спомнам и Стив Кларк, кој ми даде можност да играм во Премиер лигата само на 19 години. Ќе се вратам и на првиот тренер кој ми беше во Андерлехт, Ариел Јакобс. Тој ми даде шанса само на 16 години. Ме повика од училиште за да се вклучам во првиот тим и веднаш ме пушти на терен”, објаснува Лукаку.

Лукаку од Манчестер се пресели во Интер затоа што со англискиот клуб имаше различни гледишта.

„Минатата сезона ми беше тешка од професионална гледна точка. Работите не се развиваа како што сакав и не играв добро. Ја најдов причината и уште во март сфатив дека е време за промена на средината. Беше добро за двете страни да се разделиме”, вели Лукаку.

- Оглас -

Најнови вести